Русија со потерница ја бара белоруската активистка Светлана Тихановскаја

Светлана Тикановскаја / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Руското Министерство за внатрешни работи објави потерница по белоруската кандидатка за претседател Светлана Тихановскаја, објавија руските медиуми.

Светлана Тихановскаја според официјалните податоци од Државната изборна комисија на Белорусија загуби на претседателските избори во земјата од актуелниот претседател Лукашенко.

Од денот на изборите, 9 август во земјата секојдневно има масовни протести за смена на Лукашенко, додека пак Европската Унија и САД не ги признаваат резултатите од изборите и ја сметаат Тихановскаја за победник на претседателските избори во Белорусија.

Тихановската веднаш по изборите ја напушти Белорусија и прибежиште најде во Литванија.

Тихановскаја: Белоруската опозиција не е контролирана од странство

Тихановскаја вчера во Берлин се сретна со канецеларката Меркел.

Белоруската опозиционерка во дипломатска офанзива: Тихановскаја денеска очи во очи со Меркел, утре на средба со Мас

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот