РУСИЈА СО ОБВИНЕНИЕ: „Белите шлемови“ се вклучени во илегална шема на отстранување органи во Сирија

Фото: EPA/ MARCO DE SWART

Невладината организација „Бели шлемови” е вмешана во трговија со органи на Сиријците кои живеат во зоните под контрола на екстремистите, тврди директорот на Руската фондација за студии за демократија Максим Григориев.

Григориев ова го соопшти при претставувањето на истражувањето „Белите шлемови: терористички поттикнувања и извори за дезинформирање” во Министерството за надворешни работи на Русија, за кое предговорот го напиша шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пренесе Тасс.

– Тие (Белите шлемови) се клучниот елемент во оваа илегална шема на отстранување органи. За тоа слушнавме од луѓето со кои разговаравме. Овие податоци за нас беа непријатно изненадување, рече Григориев.

Според него, истражувачите ги добиле овие информации додека ги интервјуирале жителите на сириските региони каде „Белите шлемови” се најактивни. Григориев и истражувачите интервјуирале повеќе до 100 жители на Алепо, Дамаск, Деир ел Зор и Сакба, но и 40 членови на „Белите шлемови” и околу 20 членови на вооружените групи.

Григориев уште кажа и дека сведоците навеле дека „Белите шлемови” се вмешани во евакуациите на луѓето на кои им била ветувана медицинска помош, по што нивните роднини ги примиле телата без никакви витални органи.

Григориев додаде дека според медицинските написи на коосновачот на „Белите шлемови”, Џејмс Ле Мезурие, кој неодамна почина под сомнителни околности, кон крајот на 90-тите тој престојувал и во поранешна Југославија, во времето кога во полн ек било вадењето и трговијата со органи на Косово.

– Шемата за илегално вадење органи на жителите на Србија е изведувана на територијата каде престојувал Мазурие, а сосема ист систем бил создаден и во Сирија. Тоа го прават „Белите шлемови”, рече Григориев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот