Русија со 40 летала ќе ја освојува вселената во 2020 година

Фото: МИА

Како што е наведено од Роскосмос, лансирањата ќе бидат извршени од космодромите Бајконур, Восточниј, Плесецк и вселенскиот центар во Француска Гвајана.

Руската Федерална вселенска агенција Роскосмос планира да лансира повеќе од 40 вселенски ракети во 2020 година.

– Во 2020 година Русија планира да изврши повеќе од 40 лансирања на вселенски ракети, се наведува во соопштението.

Како што е наведено од Роскосмос, лансирањата ќе бидат извршени од космодромите Бајконур, Восточниј, Плесецк и вселенскиот центар во Француска Гвајана.

Претходно, генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин на прес-конференција на космодромот Восточниј изјави дека следната година се планирани 20 лансирања на носечки ракети „Сојуз”.

Во 2020 година, исто така, ќе продолжат тестирањата на носечката ракета „Ангара” и лансирањата на ракети „Протон-М”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот