Русија следната година ќе започне со тестирање на вакцината против коронавирусот на деца

Вакцинација на деца против ковид-19 / Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Националниот истражувачки центар „Гамалеи” во Русија планира да започне со тестирање на вакцината против коронавирусот на деца во периодот јануари – февруари следната година, изјави директорот на Центарот, Александар Гинцбург.

Тој рече дека Институтот никогаш не спровел тестирање на деца.

– Педијатрите ги знаат овие специфики, па заедно со нив подготвуваме документација што ќе ја доставиме до Министерството за здравство за да можеме да спроведеме тестови на деца, но само откако ќе ги завршиме сите тестови на возрасните, рече Гинцбург.

Според него, тестирањето врз децата ќе започне во текот на зимата, бидејќи третата фаза од тестирањето за вакцината против коронавирусот за возрасни ќе трае околу пет месеци.

– Се надевам дека вакцината ќе биде погодна за деца, но според рускиот закон, вакцината може да се тестира на деца само кога ќе помине целиот циклус на тестирање на возрасни, појасни Гинцбург. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот