Русија се заканува на САД: Конвоите со оружје што ги испраќате во Украина сега ги третираме како цели

Сергеј Рјабков/ Фото: ЕПА

Русија ги предупреди САД и Западот за последиците од испраќањето оружје во Украина.

„Соодветните конвои ќе станат легитимни цели за руските вооружени сили“, изјави заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Нема консултации во Украина, нема преговарачки процес со САД. Ги предупредивме САД дека оркестрираното испумпување на оружје од голем број земји не е само опасен потег, тоа е акција што ги претвора соодветните конвои во легитимни цели. “ изјави Рјабков, цитиран од Интерфакс.

„Предупредивме на последиците од непромисленото пренесување на оружје во Украина, како што се преносливи системи за противвоздушна одбрана, противтенковски ракетни системи и така натаму“, додаде тој.

ВО ЖИВО | Конфликтот во Украина, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот