Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Русија: Сѐ подлабокотo вклучување на Американците во украинскиот конфликт носи страшни последици

Русија се обидува да ги натера САД да сфатат дека зголеменото учество на Вашингтон во војната во Украина носи зголемени ризици, изјави денеска заменикот-министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.
„Испраќаме сигнали до Американците дека нивната линија на ескалација и се подлабоко вклучување во овој конфликт е полн со страшни последици. Ризиците растат, рече Рјабков.
Киев и Западот потенцираат дека Русија е одговорна за каква било понатамошна ескалација откако таа неиспровоцирано ја нападна Украина на 24 февруари, окупираше дополнителни делови од украинската територија и се закани дека ќе користи нуклеарно оружје.
Рјабков рече дека нема дијалог меѓу Вашингтон и Москва, но дека „периодично се разменуваат сигнали”. – Не водиме никаков дијалог со САД за Украина бидејќи нашите позиции се радикално различни, рече Рјабков.
Инаку Москва денеска објави дека немала „друг избор” освен да ги откаже преговорите со Соединетите Американски Држави за договорот „Нов старт” за контрола на нуклеарното оружје, објавија руските државни новински агенции.
Рјабков рече дека Вашингтон сака да разговара за обновување на инспекциите, додека Москва имала други приоритети.
Москва за откажување на нуклеарните преговори со САД: Немавме друг избор
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5