Русија сака да формира „ОПЕК“ за производството на гас

Повод за ваквата иницијатива послужи ситуацијата последните неколку месеци на глобалните пазари за гас која голем број експерти ја оценија како катастрофална.

Русија сака да склучи договор со најголемите производители на природен гас и да формира тело кое ќе наликува на телото во кое членуваат најголемите производители на нафта ОПЕК.

За Москва ваквиот чекор е неопходен за да се стабилизира цената на горивото.

Според експертите за формирање гасен ОПЕК заинтересирани се најмалку двајца федерални чиновници, министерот за енергетика Александар Новак и неговиот заменик Анатолиј Јановски. И двајцата неодамна истакнаа дека потребно е да се осигура стабилноста на светскиот пазар за гас.

Како една од опциите се разгледува трансформацијата на еден од веќе постоечките органи – Форум на држави извознички на гас, на чие чело е Русинот Јуриј Сентјурин. Се претпоставува дека тој во ова својство би можел да добие овластувања да води заедничка политика за неколку држави и да ги шири производството и продажбата на гасот.

Повод за ваквата иницијатива послужи ситуацијата последните неколку месеци на глобалните пазари за гас која голем број експерти ја оценија како катастрофална. Поради падот на побарувачката, топлата зима во Европа и преполните залихи, цените на некои од пазарите паднаа на најниско ниво за последните десет години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот