Русија сѐ уште ги плаќа долговите во долари и евра, но ѝ се предвидува банкрот

русија пари валути берза економија руска
На 4 април 2022 година, Русија ќе добие рочност на обврзницата од 2 милијарди долари / EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Руското Министерство за финансии вчера објави дека ќе плати купонска исплата на еврообврзници во износ од 117,2 милиони долари, што е сигнал до пазарите кои чекаат да видат дали Русија ќе го плати државниот долг. На овој начин Русија покажува сигнал дека може и сака своите долгови кон странство да ги плаќа во странска валута.

Рокот на достасување на овие еврообврзници е 2023 и 2043 година, што значи дека во тие години Русија мора да го отплати целиот долг на кој гласи обврзницата, а дотогаш да плаќа купони.

Купонските плаќања се како камата и издавачот на обврзницата мора да му исплати на сопственикот на обврзницата одреден процент од номиналната вредност на годишна или полугодишна основа до доспевање на обврзницата, кога издавачот на обврзницата (во овој случај Русија) мора да ја врати целосната вредност на обврзницата на сопственикот на обврзницата.

Овие еврообврзници се тргуваа по 20 центи за долар или помалку, и беа меѓу првите кои беа планирани за исплата откако Русија беше погодена од санкции поради нејзината инвазија на Украина. Ограничувањата значеа дека не е сигурно дали и како Русија сака да си ги исплати долговите.

„Оваа недела, во среда, треба да отплатиме уште еден купон за еврообврзница“, изјави министерот за финансии Антон Силуанов за државната телевизија во понеделникот, пренесе Ројтерс. „Денеска, понеделник, подготвивме документ за плаќање во странска валута и ќе им дадеме налог на странските банки да ја извршат оваа исплата. Ќе внимаваме на овој платен документ и ќе следиме како банките ќе ги извршуваат нашите (плаќања) налози“, изјави рускиот министер.

Досега долгот што Русија не го врати беше на обврзница во домашна валута, рубљата. Парите за плаќање на наведените еврообврзници беа подготвени, но Централната банка на Руската Федерација претходно ги забрани плаќањата во странство, освен со одобрение. Очигледно за оваа исплата има одобрение, веројатно директно од Путин.

Имено, минатата недела Путин издаде декрет со кој се дозволува плаќање на долгови деноминирани во странски валути во руски рубљи, кои требало да го платат долгот врз основа на соодветните еврообврзници но во домашна валута. Иако има обврзници за кои е дозволен таков начин на плаќање, тоа не беше случај со овие. Затоа, таквата ситуација може да значи целосен банкрот на Русија.

И претходно имаше индикации дека Русија сепак ќе ги почитува своите должнички обврски. Иако се очекуваше руските државни компании да престанат да го враќаат долгот пред самата држава, тоа не се случи. На 7 март 2022 година, руската енергетска компанија Газпром ги исполни своите обврски по доспевањето на обврзницата од 1,3 милијарди долари.

На 9 март 2022 година, долгот од 2 милијарди американски долари на доспевање на обврзницата беше отплатен од нафтената компанија Роснефт. Плаќањата беа направени во долари, иако дојдоа неколку дена по изјавата на Путин дека долговите во странска валута ќе се враќаат во рубљи.

Русија има 15 меѓународни обврзници со номинална вредност од околу 40 милијарди долари. Околу половина од обврзниците се на странски инвеститори. На 4 април 2022 година, Русија ќе добие рочност на обврзницата од 2 милијарди долари. Тоа е рокот на достасување на обврзницата, односно главниот долг, а не како досега само купонската исплата. Ден потоа, доспева обврзницата на државната компанија Руски железници во вредност од 624,6 милиони долари.

На почетокот на март пазарот ја процени веројатноста за целосен банкрот на Русија на 56 отсто, што по неколку дена се искачи на 69 отсто, а моментално изнесува 80 отсто. Инвестициската банка Морган Стенли предвидува дека банкротот е многу извесен.

Видео на денот