Русија регистрираше трета вакцина против ковид-19

Вакцинација фото epa

Руското Министерство за здравство ја регистрираше третата вакцина против коронавирус – Ковивак, која е произведена од Федералниот истражувачки центар за истражување и развој на имунолошки препарати „М.П.Чумаков”.

Рускиот премиер Михаил Мишустин изјави дека првите 120.000 дози од вакцината ќе бидат пуштени во употреба кон средината на следниот месец.

Центарот „М.П.Чумаков” планира својата вакцина да ја понуди и на меѓународниот пазар.

Ковивак е вакцина врз основа на цел вирус. Такви препарати користат или вештачки ослабени вируси кои не се во состојба на предизвикаат болест или веќе уништени вируси.

Во Русија веќе се регистрирани две вакцини против Ковид-19: вакцината Спутник В која е развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја пру руското Министерство за здравство, и вакцината Епивак развиена од Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија Вектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот