Русија протерува италијански дипломат како реципрочен одговор на истата мерка на официјален Рим

epa08447372 General view of a deserted Tverskaya street in Moscow, Russia, 27 May 2020. The self-isolation regulations that began in April continues until 31 May. EPA/YURI KOCHETKOV

Русија денеска соопшти дека протерала италијански дипломат како одговор на „непријателските и неоправдани активности” на официјален Рим, кој на крајот на март протера двајца руски функционери поради шпионска афера.

Според изјавата на руското Министерство за надворешни работи, поморското аташе на италијанската амбасада во Москва е прогласено за персона нон грата и мора во рок од 24 часа  да ја напушти земјата. Одлуката му е предадена на амбасадорот, кој бил повикан во министерството.

Москва својата одлука ја објасни со „непријателски и неоправдани активности на италијанските власти против военото аташе на руската амбасада во Рим”.

Италија веднаш реагираше и ја осуди одлуката на Москва, оценувајќи ја како „неоснована и неправедна”, донесена „како одмазда за легитимната мерка на италијанските власти во одбрана на сопствената безбедност”.

Веќе неколку недели трае дипломатската криза меѓу Русија и западните земји, особено поради тензиите околу Украина и затворањето на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот