Русија протерува двајца холандски дипломати како одмазда за слична мерка

Русија ќе протера двајца холандски дипломати како одмазда за слична мерка преземена од Холандија во декември против двајца руски дипломати обвинети за шпионажа, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Последниве месеци имаше бројни вакви случаи во Европа (Бугарија, Австрија, Чешка и Норвешка), поради растечките тензии меѓу Русија и Западот.

Водени од принципот на реципроцитет, руската страна одлучи да протера од Руската Федерација двајца дипломати од холандската амбасада во Москва, се вели во соопштението на руското Министерство.

Двајцата дипломати мораат да ја напуштат Русија во рок од две недели, се дополнува во соопштението.

На почетокот на декември холандските власти протераа двајца руски дипломати. Холандската разузнавачка служба (АИВД) соопшти дека одлуката е донесена по откривањето на шпионска мрежа во Холандија, насочена кон врвна технолошка индустрија. АИВД ги обвини руските државјани кои работеле како дипломати во руската амбасада во Хаг дека се руски разузнавачи.

„Холандските власти уште еднаш се послужија со преферираниот метод на неосновани и лажни обвинувања”, соопшти Министерството, предупредувајќи на „непријателски и провокативни методи”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот