Русија протера украински конзул обвинет за прибирање доверливи информации
Русија денеска му нареди на украинскиот конзул во Санкт Петербург Александар Сосоњук да ја напушти таа земја, откако го обвини дека добил доверлива информација од базата на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров го извести вршителот на работите во Амбасадата на Украина во Москва Василик Покотил да Сосоњук дека мора да ја напушти земјата до четврток, пренесува Асошиејтед прес.
ФСБ претходно денеска соопшти дека вчера го уапсила Сосоњук во текот на состанок со руски државјанин на кој добил материјал од базата на оваа водечка руска разузнавачка агенција. Тој во меѓувреме е ослободен.
Детали за доверливиот материјал кој Сосоњук наводно го добил не се објавени.
Украина денеска, пред Русија да го протера нејзиниот дипломат, соопшти дека притворањето на Сосоњук претставува нова провокација на Москва и најавила дека ќе реагира на соодветен начин.
Сосоњук е уапсен во време на се поголемите тензии меѓу Русија и Украина, по трупањето на руски војници долж границата во источниот дел на Украина, кој е под контрола на проруските сепаратисти, поддржани од Москва.
Претседателот на Украина Володомир Зеленски вчера за порастот на тензиите разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателот на Франција Емануел Макрон. Тие заедно повикаа на повлекување на војниците од Русија од руско-украинската граница.
Извор: Бета