Русија протера двајца дипломати од финската амбасада

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека протерува двајца дипломати од финската амбасада во Москва како одмазда против одлуката на Хелсинки да протера двајца свои дипломати, пишува Ројтерс.

Во соопштението, исто така, се вели дека руското МНР протестира против, како што рече, „конфронтациониот курс на Финска кон Русија“, очигледно мислејќи на кандидатурата на Финска за влез во НАТО.

Парламентот на Финска денеска ќе гласа за пријавата на земјата за членство во НАТО.

Одборот за надворешни работи едногласно ја поддржа пријавата, оценувајќи дека Финска мора да биде членка на Северноатлантската алијанса.

Претходно, финскиот претседател Саули Нинисто изјави дека со членството во НАТО „ќе ја максимизира безбедноста на земјата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот