Русија: Професор по историја доби 12 години затвор за убиство на студентка

Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Професорот по историја од Државниот универзитет во Санкт Петербург, Олег Соколов е осуден на 12 години затвор поради убиство на 24-годишната студентка Анастасија Јешченко.

Соколов (64) ја уби Јешченко во неговиот стан во ноември во 2019 година. Тој беше уапсен откако од реката Мојке беше извлечен ранец во кој беа отсечените раце на студентката. Подоцна истражителите пронајдоа и други делови од телото на Јешченко во реката.

Соколов во текот на судењето изјави дека со Јешченко биле во романтична врска, а пукал во неа во афект, односно за време на караница. Обвинителите бараа казна за Соколов од 15 години.

Соколов е познат по книгите за  Ерата на Наполеон и неговото учество во реконструкција на историските битки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот