Русија призна дека незаконски биле мобилизирани 9.000 луѓе, критичарите велат – многу повеќе

Фото: Gato Desaparecido / Alamy / Alamy / Profimedia

Русија призна дека од есента незаконски и неоправдано мобилизирала над 9.000 илјади луѓе за војната против Украина, пишува агенцијата АП.

„Повеќе од 9.000 граѓани кои беа незаконски мобилизирани се вратени дома – вклучително и оние кои во никој случај не требаше да бидат повикани поради здравствени причини”, рече главниот обвинител Игор Краснов на средбата со претседателот Владимир Путин.

Критичарите на руските власти, сепак, претпоставуваат дека многу повеќе луѓе биле незаконски регрутирани за време на мобилизацијата нарачана од Путин во септември и дека тие никогаш не се вратиле.

Вкупно 300.000 луѓе ширум земјата беа повикани во војската за да одат на фронтот во Украина. Обвинителот Краснов, за време на мобилизацијата, рече дека во процесот имало „многу сериозни проблеми”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот