Русија преговара со Талибанците, тие ја зазедоа амбасадата

Русија е во контакт со талибанските претставници преку својата амбасада во Кабул, изјави денеска специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Авганистан, еден ден по падот на авганистанската влада, а главниот град е освоен и под контрола на талибанците.

„Нашата амбасада ќе остане во контакт со специјално назначени претставници на високото раководство на Талибанците со цел да развие постојан механизам за обезбедување безбедност на нашата амбасада“, соопштија руски официјални претставници.

Русија ги повика страните во конфликтот во Авганистан да се воздржат од насилство и да не се крева паника

Талибанците во традиционална облека денеска влегле во амбасадата, изјавил портпаролот на руската амбасада, додавајќки дека на рускиот дипломатски персонал му се обратиле на паштунски и дарски, јазици кои, најчесто се користат во Авганистан.

„Денес тие ги заменија претставниците на дежурните владини сили со мирно, целосно разоружување и заземање на местото на полицијата“, соопштија од руската амбасада во Кабул.

Западните земји брзаат да го евакуираат персоналот од нивните амбасади во Кабул, додека Русија најави дека ќе повлече дел од 100-те вработени во својата амбасада.

„Дел од нашиот персонал ќе биде испратен на одмор или евакуиран на некој друг начин“, но дека тоа нема да биде евакуација, соопштија од таму.

Русија нема да брза со одлуката за признавање на новите авганистански власти и ќе ги следи постапките на новите власти за да може да донесат одлука, сметаат во Москва и додаваат дека Русија засега не гледа директна закана од Талибанците за Централна Азија.

Бајден испрати 5.000 војници во Кабул за евакуација на дипломатите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот