Русија пред дисквалификација од Олимпијадата 2020!?

EPA/KAY NIETFELD

Потсетување дека Русија не настапи на Игрите во Рио поради допинг скандал, иако беше испратена жалба, истата беше одбиена од ИААФ.

Руската атлетичарска федерација му помогнала на скокачот Данил Лисенко да избегне казна поради тоа што лани не доставил адреса на која би можеле да го посетат надлежните за допинг контроли, пренесува британскиот „Тајмс“.

Од федерацијата лажирале документи дека Лисенко (22) поради болест не можел да ја пријави локацијата, а подоцна се испоставило дека лекарот и клиниката кои го потврдуваат тоа биле измислени и дека на наведената адреса има срушена зграда.

– Клиниката е лажна од глава до петици, од регистарските броеви, до имињата на лекарите и фалсификуваните документи. Клиниката не постои, дури и нејзината адреса е всушност адреса на срушена зграда. Дури и за тоа лажеле – изјави за „Тајмс“ извор близок на истрагата.

Д истражителите од Единицата за интегритет во Атлетиката докажат дека обвинувањата се вистинити, Русија сигурно ќе биде исклучена од учеството на Летните Олимписки игри во Токио кои ќе се одржат во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот