Русија повторно и се закани на Литванија за Калининград – Захарова: Последиците,за жал, ќе дојдат

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

 Русија испрати нова закана до Литванија преку портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, откако балтичката земја деновиве го забрани преминувањето на стоки што се под санкции од ЕУ кон руската енклава Калининград, што ја налути Москва.

-Се надевам дека претставниците на Литванија имаат остатоци од некаков професионализам во проценката на ситуацијата. Тие мора да ги разберат последиците, а последиците, за жал, ќе дојдат, рече Захарова во емисијата „Соловиев во живо”, пренесоа руските медиуми.

Захарова однесувањето на Вилнус го оцени за „агресивно непријателско”. Според неа, Литванија отиде „дури и надвор од границите на однесување, што е спротивно на меѓународното право”.

-Ми се чини дека треба да ја разберат главната работа: кога Русија вели дека нечие однесување е отворено непријателско, тогаш нема време за разговор, нема време да се најдат формули кои би можеле да ја решат ситуацијата или да ја тргнат настрана и да се преправаат дека не се проблеми, додаде Захарова.

Таа нагласи дека „провокациите на Литванија ќе доведат до соодветна реакција од Москва”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот