Русија повлекува дел од силите околу Киев – како разузнавачите ја толкуваат оваа стратегија

Дел од жителите се евакуираа од Киев, но другите останаа/Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Русија почнува да повлекува дел од силите од областа околу главниот град на Украина – Киев, и за САД тоа е „голема” промена на стратегијата од страна на Москва, изјавија за Си-Ен-Ен двајца високи американски претставници.

Руските сили, кои сега се повлекуваат во некои области на северот ќе се фокусираат на освоената територија на југ и на исток. САД веќе ги набљудуваат овие движења кои се во тек, вклучително и руските тактички групи на баталјони кои ги напуштаат околните области околу Киев.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека одлучило „драстично да ги намали непријателствата” во насоките Киев и Чернихив, изјави рускиот заменик-министер за одбрана Александар Фомин.

САД оценуваат дека Русија ќе го покрие нивното повлекување со евентуално воздушно и артилериско бомбардирање на главниот град, рече еден од соговорниците на Си-Ен-Ен. Американските власти предупредуваат дека Русија секогаш би можела повторно да се врати назад доколку дозволат условите за борба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот