Русија потврди дека на Сирија и испорачала втора серија авиони „МиГ -29″

Руската амбасада во Сирија потврди дека на ова арапска земја и испорача борбени авиони „МиГ-29″.

„Сириската редовна армија ја доби втората серија на руски авиони „МиГ-29″, како дел од одбрамбената соработка на нашите народи. Сирија веќе почна да ги користи овие авиони во своите мисии”, соопшти амбасадата на Твитер, пренесе Тасс.

Сириската новинска агенција САНА на 30 мај јави за испораката, повикувајќи се на воени извори.

Според агенцијата, примопредавањето се случило во руската воздушна база Хмејмим, а подоцна авионите биле распоредени на различни аеродроми.

Од 1 јуни руските авиони учествуваат во сириските воздушни операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот