Сѐ поблиску сме до можниот нуклеарен судир меѓу Русија и Западот, вели Шојгу

Фото: EPA-EFE/

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу предупреди на можен „нуклеарен судир“ меѓу Москва и Западот, пренесува Скај Њуз.

Според руски медиуми, Шојгу рекол дека остануваат сè помалку чекори пред да се случи потенцијален инцидент. Изјавата на Шојгу е реакција на најавата на Велика Британија дека ќе ја снабдува Украина со муниција што содржи осиромашен ураниум, јавува Скај Њуз.

Говорејќи во Лондон, вчера Анабел Голди, министерката за одбрана, рече дека дел од муницијата за борбените тенкови „Челинџер 2“ што Велика Британија ги испраќа во Украина вклучува оклопни куршуми кои содржат осиромашен ураниум.

„Таквиот потег ќе ја поттикне Русија да одговори“, рече Шојгу.

Претходно денеска, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,Марија Захарова, го нарече британскиот план „југословенско сценарио“, велејќи дека муницијата предизвикала рак и штети на животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот