Русија: Одлуката на САД да не се вратат на Договорот за отворено небо е политичка грешка

Сергеј Рјабков/ Фото: ЕПА

Русија е разочарана од одлуката на САД да не се вратат на Договорот за отворено небо, иако таквиот потег беше очекуван, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

– САД направија уште една политичка грешка, нанесувајќи му нов удар на европскиот безбедносен систем, истакна Рјабков.

САД вчера ја известија Русија дека нема повторно да се приклучат на Договорот за отворено небо, кој овозможува набљудувачки летови, користејќи невооружени авиони, над земјите-членки.

– Ние секако не сме задоволни од тоа. Разочарувачки е што САД пропуштија уште една шанса да дадат позитивен придонес во задачата за зајакнување на безбедноста во Европа, нагласил Рјабков, пренесоа руските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот