Одлучувачкиот натпревар против Естонија, Македонија ќе го игра утре од 15. часот.
Македонската кошаркарска репрезентација останува во трката за пласман на Европското првенство 2022 година, откако денеска прво ја совлада Италија со 87:78, а потоа и Русија ни направи услуга.
Русите со 75:52 ја совладаа Естонија во квалификациите за Евробаскет 2022, со што во утрешната директна пресметка помеѓу Македонија и Естонците ќе биде познат последниот учесник на ЕП од групата Б.
Евгениј Бабурин со 14 поени, беше најпрецизен во селекцијата на Русија каде се истакна и Андреј Воронцевич со 13 поени, додека во редовите на Естонија Јанари Јоесар постигна 10 поени.