Русија одговори на санкциите на САД, протерува 10 американски и тројца полски дипломати

САД-Русија/ Илустративно фото: ЕПА

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска зборуваше за одговорот на Русија на новите санкции на САД, и истакна дека е предложено „американскиот амбасадор да замине во својата земја на консултации“.

Како што наведува „Комерсант“, тоа значи дека руските власти го протеруваат амбасадорот Џон Саливен. Исто така, ќе бидат протерани 10 американски и тројца полски дипломати.

Како друга работа, Лавров истакна дека Москва покрена процедура која ќе го прекине ангажманот на руските граѓани и државјани од „трети земји“ за работа во американските дипломатски мисии.

-Руската Федерација реагираше позитивно на идејата за самит со САД и во моментов ги разгледува аспектите од таквата средба, рече министерот Лавров.

Според него, американските обвинувања за наводни плаќања од Руската Федерација до Талибанците за убиства на американски војници се „шпекулации и фобии”

САД ќе воведат санкции за Русија поради хакерски напади, ќе протераат и руски дипломати, тврдат американски медиуми

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот