Русија нема да дозволи уништување на мостот на Крим- Кличко им порача на граѓаните на Киев да подготват топла облека

Украина војници EPA-EFE/c

Денеска е 173-от ден од војната во Украина односно, од започнуватето на руската спецјална воена операција.

Воените дејствија денеска се фокусирани долж целиот украински фронт. Агенциите јавуваат дека е гранатиран вториот по големина украински град Харков каде руските проектили погодиле една фабрика во градот.Освоен на исток, борбени дејствија се спроведуваат и на југот на Украина.

Под жесток напад се наоѓа градот Миколаев кој се наоѓа под континуиран оган од руските сили, изјавија украински преставници .

Виталиј Ким, гувернерот на Миколаив, на својот профил на Телеграм објави дека се погодени образовен објект и хотел на периферијата на градот. Тој додаде дека нема жртви.

Кримски мост
фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Во меѓувреме , Москва соопшти дека нема да дозволи никој да го урне мостот на Крим, изјави денеска заменик-претседателот на Собранието на Советот на Руската Федерација, Константин Косачев.

„Дефинитивно, нема да дозволиме никој под никакви услови да го урне мостот на Крим. При изградбата на мостот беа земени предвид одредени ризици, иако во тоа време беше тешко да се замисли дека ќе има закана од директни напади на мост“, изјави тој за ТВ каналот. „Русија-24“, коментирајќи ги плановите на украинските политичари да го таргетираат мостот, пренесе ТАС С.

Според Косачев, секој потенцијален напад на мостот на Крим „очигледно ќе значи употреба на странско оружје до кое дојде Киев, бидејќи Украина во моментов нема сопствено оружје за извршување на такви субверзивни активности“.

И додека траат борбените дејствија, граѓаните на Украина веќе размислуваат како да ја поминат зимата која претстои.

Виталиј Кличко/ Фото EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека градските власти ќе направат се за жителите на главниот град да имаат греење, но имајќи ги предвид моменталните околности ги повика граѓаните да подготват топла облека.

Кличко во интервју за порталот Бабел изјави дека властите се подготвуваат за сите можни сценарија и дека граѓаните треба да го сторат истото и да имаат топла облека при рака за секој случај, пренесува Укринформ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот