Русија не се предава од нуклеарната централа Запорожје

Запорожје / Фото Andrey BORODULIN / AFP / Profimedia

Нуклеарната централа Запорожје останува под руска контрола, соопшти управата на окупираниот град Енерходар, назначена од Русија, откако висок украински функционер сугерираше дека руските сили се подготвуваат да заминат.

„Медиумите активно шират лажни информации дека Русија наводно планира да се повлече од Енерходар и да ја напушти нуклеарната централа“ велат Русите.

Шефот на украинската државна компанија за нуклеарна енергија рече дека постојат знаци дека руските сили можеби се подготвуваат да ја напуштат огромната нуклеарна централа Запорожје, која ја зазедоа во март, непосредно по инвазијата.

Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека украинските сили на крајот на минатата недела уништиле шест единици руска воена опрема и дека околу триесет руски војници биле повредени во борбите кај Енерходар.

Многу вработени во нуклеарната централа живеат во блискиот град Енерходар, кој е под руска окупација од првите денови на инвазијата. Во септември, рускиот претседател Владимир Путин ја започна анексијата на украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, каде што нивните сили тврдат дека имаат делумна контрола, потег што Киев и неговите западни сојузници го осудија како незаконски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот