Русија не размислува за карантин и покрај раст на бројката на ковид пациенти: Пријавени 11.614 инфицирани лица, најмногу од 11 мај

Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Русија денеска бележи 11.614 новозаболени лица со ковид-19, вклучивајчќи и 4.082 во Москва, што е најголема бројка во земјата од 11 мај.

Властите пријавија и 188 починати пациенти со кои официјалната вкупна бројка на смртни случаи изнесува 21.633 додека од почетокот на пандемијата до сега се регистрирани 1.237.504 милиони заразени.

Но, и покрај високите бројки, Русите не размислуваат за рестриктивни мерки што потврди и Татјана Голикова, потпретседателка на Владата задолжена за здравство.

– Не сакаме изолација и нема да ја воведеме“, порача Голикова.

На сличен став се и руските парламентарци.

– Не мислам дека ќе се прогласи општ карантин. Медицинските капацитети сега се поинакви, имаме искуство во дијагностицирањето и во лекувањето, рече Валерија Рјазински, потпретседател на Одборот за социјална политика во федералното Собрание, за „РИА Новости“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот