Русија не очекува од НАТО поддршка за мораториумот за распоредување на ракети

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Московската конференција за неширење на оружјето истакна дека НАТО навести дека нема да одговори на иницијативата на Русија за воведување мораториум на распоредувањето на ракети со среден и краток дострел во Европа.

– Претседателот Путин во личните пораки до лидерите на земјите членки на НАТО и на земјите од Азиско-пацифичкиот регион ги повика да се придружат на мораториумот за распоредување на ракети со среден и краток дострел, истакна Лавров.

Тој додаде дека Северноатлантската алијанса не дала јасен одговор, туку , јасно и навестила на Русија  дека НАТО тоа нема да го прифати.

Рускиот министер за надворешни работи нагласи дека повлекувањето на Вашингтон од Договорот за ликвидација на ракетите од среден и краток дострел (ИНФ) ќе предизвика негативни последици.

– Наместо несогласувањата да се решат на професионален, конструктивен и деловен начин, нашите американски колеги беа зафатени со изнаоѓање на изговори за раскинување на ИНФ, истакна Лавров.

Тој тврди дека Русија предложила конкретни и реални мерки, со цел за намалување на загриженоста и за спас на договорот, но оти била арогантно одбиена.

Лавров додаде и дека „Русија донела одлука да не распоредува ракети со среден и краток дострел се додека американски ракети од иста класа не бидат распоредени во овие региони”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот