Русија не ја признава одлуката на Меѓународниот суд и не планира да ги врати бродовите на Украина

Украинските морнари во кафез за време на сослушувањето во судот во Русија. Дваесет и четири морнари на украинската морнарица беа уапсени на 25 ноември во 2018 година поради илегално преминување на руската граница.
Дваесет и четирите украински морнари на сослушување во рускиот суд. Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Процедурата за решавање на спорови согласно Конвенцијата на Обединетите Нации за правото на море, не се однесува на инцидентот во Керченскиот теснец, и арбитражата, која Украина треба да ја повика во врска со тоа, не е надлежна во врска со тоа, соопштија од Министерството за надворешни работи на Русија.

– Во арбитражата, ние имаме намера доследно да ја браниме нашата позиција, вклучувајќи го и недостатокот на надлежност на арбитражата за да ја разгледа ситуацијата во светло на наведените околности – се вели во соопштението од руското МНР.

Меѓународниот трибунал за поморско право на ОН денеска пресуди дека Русија мора да ги врати трите украински бродови и да ги ослободи 24 морнари кои ги држи во притвор.

Русија минатата година заплени три украински бродови во Керчинскиот теснец, кој ги поврзува Црното и Азовското море и притвори 24 членови на екипажот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот