Русија напредува кон источна Украина, Киев бара дозвола од Западот за напади

Руски проектиол Доњецк EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS SERVICE/HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Русија денеска соопшти дека нејзините сили напредуваат во источна Украина, додека Киев пријави силни воздушни напади и го повика Западот да дозволи повеќе одмазднички напади внатре во руската територија.

Москва ги засили воздушните напади во последните недели, настојувајќи да ја одбие големата украинска офанзива во руската област Курск.

Од 6 август Киев ги предводи нападите врз овој регион, лоциран спроти градот Суми во источна Украина, надевајќи се дека таму ќе создаде тампон зона за Украина за да го заштити своето погранично население од воздушните напади на Москва. Но, две лица загинаа во нов руски воздушен напад во Суми.

– Непријателот ноќеска изврши воздушен напад врз градот Суми. Две лица загинаа, а четворица се ранети, меѓу кои и две деца, соопшти денеска на Телеграм воената управа на регионот.

Градоначалникот на Суми, Олексеј Дрозденко, пријавил уништени или оштетени куќи и автомобили.

Во руски ракетен напад врз село недалеку од линијата на фронтот во регионот на Доњецк, епицентарот на борбите, загинаа две жени, соопшти регионалното обвинителство.

Киев ја почна својата офанзива во Курск со надеж дека ќе ја принуди Русија да ги распореди своите трупи кои моментално напредуваат на истокот на земјата. Но, Москва се чини дека ги засилува своите напади таму. Во август таму беа забележани најголемите руски територијални освојувања во речиси две години.

Руската армија денеска соопшти дека освоила град во источна Украина и дека напредува кон стратешки важниот Покровск. „Руските сили го ослободија градот Новохродивка во областа Доњецк“, соопшти руското Министерство за одбрана. Овој мал град се наоѓа на дваесетина километри од Покровск, важен логистички центар на украинската армија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот