Русија најави робот за тестирање на ковид-19: Извршува 300 тестови на час и не бара човечка контрола

Фото: Миа.мк

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) најави робот-транспортер што извршува 300 тестови на час и не бара присуство на персонал, изјави извршниот директор на фондот Кирил Дмитриев на состанок со рускиот претседател Владимир Путин.

– Веруваме дека ова ќе биде клучно решение не само за Русија, туку и за другите земји – да се автоматизира изработката на тестови надвор од лабораториите, рече Дмитриев.

Фондот од почетокот на пандемијата испорача над 15 милиони тестови во 17 земји, вклучувајќи ги ОАЕ, Австрија и Франција, додаде тој.

За време на состанокот со Путин, Дмитриев исто така рече дека Индија и Јужна Кореја веќе го произведуваат Спутник В и оти многу од 20-те производители со кои Русија има договор во 10 земји ќе достигнат полн капацитет во април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот