Русија најави дека ќе одговори на зголемувањето на бројот на американски војници во Европа

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Руските власти денеска се заканија дека ќе одговорат со свои мерки на најавеното зголемување на бројот на американски војници во Европа.

„Она што се случува сега (акумулацијата на силите на НАТО во Источна Европа) секогаш ќе поттикнува компензациски мерки од наша страна”, изјави заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Нема да ги затвориме очите пред овој потег. Имаме можности и ресурси да го сториме тоа. Безбедноста ќе биде 100 отсто загарантирана”, рече Рјабков.

Минатата година Москва му понуди на Вашингтон разговори за меѓусебни безбедносни гаранции за да се избегне сценарио за ескалација, изјави Рјабков.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно на состанокот со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека САД сакаат дополнително да го прошират присуството на своите војници во Европа како резултат на руската војна против Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот