Русија може да ги залади односите со Германија ако има нови санкции

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин/ Фото: Архива на Слободен печат

Германското државно обвинителство во мај покрена обвинение против рускиот државјанин Дмитриј Бадин како одговорен за хакерски напад на информатичката мрежа на Бундестагот.

Русија ја предупреди Германија да се воздржи од воведување на дополнителни санкции против Русија поради хакирањето на Бундестагот во 2015 година, напоменувајќи дека тоа може да биде многу лошо за односите на двете земји.

„Иницијативата на германската влада на ниво на ЕУ да се воведат санкции против Русија поради кибер нападите е лоша вест за руско-германските односи“, рече заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Владмир Титов за агенцијата Интерфакс.

„Москва жали поради тоа што Германија во оваа нова спирала на рестрикции против Русија настапува како локомотива и иницијатор“, рече Титов.

Тој рече дека Берлин, и покрај повторените барања, на Москва не и предочи докази кои упатуваат на учество на руските државјани во хакерскиот напад на Бундестагот во 2015 година.

„Овие обвиненија се неосновани, без доказ дека Русија е вплеткана во овие напади“, рече Титов.

Германија на почетокот на јули на своите партнери во ЕУ им предложи воведување санкции притив Русија, врз основа на новата т.н. алатка за кибернетичка дипломатија (Cyber Diplomacy Tool) која на Европската унија и овозможува реакција на кибер напади.

Германското државно обвинителство во мај покрена обвинение против рускиот државјанин Дмитриј Бадин дека како дел од една група, која е подредена на Разузнавачката служба на руската војска (ГРУ), е одговорен за хакерски напад на информатичката мрежа на Бундестагот.

Во таа прилика е ископирано големо количество електронска пошта меѓу другото и од компјутерот на Ангела Меркел.

Меркел неодамна објасни дека постоја „силни докази“ за руска вмешаност во овој напад.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот