Русија ќе испорача оружје за земјите кои граничат со Авганистан

Руско оружје, Фото: Архива
Руските власти соопштија денеска дека добиле нови нарачки за оружје од земјите во Централна Азија, додавајќи дека ќе испорачаат оружје и хеликоптери во тие држави поради стравот од натамошен развој на настаните во Авганистан, каде што талибанците ја презедоа власта.

– Ние веќе работиме на голем број нарачки за земјите од тој регион, кои бараат руски хеликоптери, лесно оружје и модерни системи за заштита на границите, изјави Александар Михејев, генерален директор на Агенцијата за извоз на оружје.

Земјите од Централна Азија, особено Узбекистан и Таџикистан, кои граничат со Авганистан и доживеаја џихадистички напади во 1990-те и 2000-те, се загрижени поради враќањето на талибанците на власт.

Москва, која има воени бази во Централна Азија, стравува од упади на авганистански џихадисти, вклучително и „борци преправени во бегалци”, кои потоа би можеле да влезат на руска територија.

Друга причина за загриженост е порастот на трговијата со опиум и хероин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот