Русија ќе се соочи со болни санкции доколку не ги повлече трупите, Путин бара гаранции дека НАТО нема да се шири на исток

руски проектилEPA-EFE/

САД ја повикаа Русија да ги повлече војниците од украинската граница и предупреди дека руската инвазија ќе предизвика санкции кои ќе ја погодат Москва посилно од сите досега воведени санкции.

„Не знаеме дали претседателот Владимир Путин ја донел одлуката да ја изврши инвазијата. Знаеме дека го користи борбениот капацитет да направи воен упад многу брзо доколку одлучи“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Доколку Русија тргне низ патот на конфронтација, кога станува збор за Украина, ние јасно ставивме до знаење дека ќе одговориме одлучно, вклучително и преку серија економски мерки со високи перформанси од кои се воздржувавме во минатото.

Блинкен зборуваше во главниот град на Летонија, Рига, по состанокот со министрите за надворешни работи на НАТО и Украина за тоа како да се одговори на, како што тврди Киев, трупањето на повеќе од 90.000 руски војници во близина на украинската граница.

руска армија EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Русија го анектира украинскиот полуостров Крим во 2014 година, но ги негира агресивните намери во актуелната криза и вели дека реагира само на заканувачкото однесување на НАТО и Украина.

Кремљ соопшти дека стравува дека Украина се подготвува повторно да ги освои областите контролирани од проруските сепаратисти во источниот дел на земјата Донбас – што Киев го негира – и ја обвини за „многу опасен авантуризам“.

Руска армија EPA/

 Тој рече дека Русија не може да преземе никакви чекори за деескалација поради големата концентрација на украински сили во близина на границата.

Руски тенкови EPA-EFE/

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека Европа се соочува со критичен момент и дека Русија се обидува да ја префрли вината на Украина.

„Сакам повторно официјално да кажам дека Украина не планира никаква воена офанзива во Донбас. Тоа е бесмислена руска пропаганда насочена кон прикривање на подготовките на Русија за потенцијален напад“.

На Русија и пречи наклонетоста на Украина кон Запад откако прорускиот претседател беше соборен во револуцијата во 2014 година.

Поради стремежот за влез и во Европската унија и во НАТО, таа стана главна фокусна точка во влошувањето на односите меѓу Русија и Западот.

Владимир Путин, знаме на НАТО / Фото: EPA-EFE

Путин вчера изјави дека Москва сака сериозни преговори со САД и нивните сојузници со цел да се добијат правни гаранции кои ќе исклучат какви било дополнителни потези на НАТО на исток и распоредување на вооружени системи во близина на руска територија.

Путин предупреди дека Русија е подготвена да го употреби ново тестираното , хиперсонично оружје во случај НАТО да ги премине „црвените линии“ и да распореди ракети во Украина.

Од друга страна владата во Киев смета дека Русија нема право да ги блокира поблиските врски меѓу Украина и НАТО и дека сите безбедносни гаранции што Москва може да ги побара од Западот би биле нелегитимни.

„Идејата дека Украина претставува закана за Русија би била лоша шега доколку ситуацијата не е толку сериозна. „НАТО е одбранбен сојуз, ние не сме закана за Русија“, рече Блинкен на прес-конференција.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги отфрли обвинувањата дека Алијансата ја провоцира Москва со воени вежби во Црното Море.

руска морнарица EPA-EFE/A

За разлика од Русија, НАТО секогаш се придржувал до меѓународните прописи за поканување странски набљудувачи на своите вежби, рече Столтенберг.

„Проблемот со Русија е што тие не се транспарентни, имаат многу агресивна реторика и однесување што покажува дека користеле воени вежби како маска за агресивни дејствија против соседите“, рече Столтенберг.

 

руски ракети . EPA/

 

 

Тој исто така рече дека НАТО работи на заштита на сојузниците од новите кинески и руски ракети кои би можеле да стигнат до Европа и Северна Америка.

„Русија, но и Кина, сега инвестираат многу во системи со нуклеарни капацитети кои можат да стигнат до сите земји на НАТО. Тоа е нешто што треба да го сфатиме сериозно“, рече Столтенберг.

Русија соопшти дека започнала редовни зимски воени вежби во нејзиниот јужен воен округ, чии делови граничат со Украина, и дека 10.000 војници се преместени на полигони за обука низ огромната област. Нејзиниот сојузник Белорусија најави и заеднички воени вежби со Русија на украинската граница.

руска армија EPA/

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека се потребни директни разговори со Москва за да се стави крај на војната на истокот, во која, според Киев, загинаа повеќе од 14.000 луѓе.

„Мораме да ја кажеме вистината дека нема да можеме да ја запреме војната без директни преговори со Русија, а денес тоа веќе го видоа сите, сите надворешни партнери“, рече Зеленски пред пратениците во уркаинскиот парламент парламентот.

„Северен поток 2“ можна цел на новите санкции?

Американскиот државен секретар Блинкен одби да каже со какви санкции може да се соочи Русија и ги охрабри Москва и Киев да се вратат на дипломатијата и да го оживеат мировниот план за источна Украина од 2014 година.

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Русија го ублажи влијанието на санкциите воведени поради инвазијата на Крим со намалување на задолжувањето на странските финансиски пазари и зачувување на големи резерви на валута и злато, пишува Ројтерс.

Сепак, според агенцијата, Западот сега има поголемо потенцијално влијание доколку целта на санкциите биде новоизградениот гасовод Северен поток 2 под Балтичкото Море, преку кој Русија сака да пумпа гас штом добие зелено светло од Германски регулатор.

руска армија EPA/

Русија стравува дека Украина се подготвува со сила повторно да ги освои областите под контрола на проруските сепаратисти во Донбас, што Киев го негираше

Видео на денот