Русија ќе ги вооружува космонаутите за да се заштитат од диви животни

Фото: Профимедиа

Русија ќе ги вооружи своите космонаути со посебни пиштоли со кои би требало да се заштитат од диви животни, доколку слетаат во далечни и ненаселени предели, изјави дирекоторт на руската Вселенска агенција Димитриј Рогозин, објави „Н1“.

– Овој вид на оружје веќе се тестира. Мислам дека во период од една година, година и пол, овие пиштоли ќе бидат дел од опремата на космонаутите – рече Рогозин за новинската агенција „ТАСС“.

Тој додаде дека слетувањата би можела да се одвиваат во ретконаселени и шумски подрачја, и космонаутите потенцирале дека би било добро да имаат такво нешто во опремата.

Истото оружје би можело да послужи и за сигнализација на местата на слетување и за самоодбрана.

Рускиот космонаут Олег Кононенков, кој неодамна се врати на Земјата од Меѓународната вселенска станица, потврди дека оружјето би било потребно поради дивите животни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот