Русија ја затвори границата со Кина за да се спречи ширењето на коронавирусот

Фото: Профимедиа

Руските медиуми претходно јавија дека земјата заради коронавирусот ја затвори границата со Кина во пет региони на Далечниот Исток.

Рускиот премиер Михаил Мишустин денеска ја потпиша инструкцијата за затворање на на границата со Кина на Далечниот Исток, за да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Денеска е потпишана соодветната инструкција, а работата на спроведувањето на оваа мерка  е веќе во тек, рече Мишустин на прес конференција.

Тој наведе дека заинтересираните навремено ќе бидат информирани за мерките за затворање на границата на Далечниот Исток, но и за другите чекори што владата ги презела за да го спречи ширењето на коронавирусот, пренесе Тасс.

Руските медиуми претходно јавија дека земјата заради коронавирусот ја затвори границата со Кина во пет региони на Далечниот Исток. Прекината е целокупната копнена комуникација меѓу двете земји, а на границата е воспоставен карантин.

Воведени се и ограничувања во железничкиот сообраќај, а Владата посебно ќе одлучува за воздушниот сообраќај.

На универзитетите им е препорачано да го продолжат распустот за студентите од Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот