Русија ја укина забраната за увоз на македонски цреши, вишни, сливи, кајсии и праски

Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација од понеделник 27 мај 2019 година целосно ја укинува забраната за увоз на македонско коскесто овошје.

Македонските производители ќе можат повторно да извезуваат цреши, вишни, сливи, кајсии, праски и нектаринки во Русија.

Забраната стапи на сила во август, минатата година, кога се пронајде штетниот организам Monilina Fructicola во македонските производи.

Секоја пратка од сега ќе биде проследена со лабораториска анализа од македонската Државна фитосанитарна лабораторија која е акредитирана за анализа на оваа габа.

Во првото тримесечје од оваа година, забележан е пораст на македонските производи на рускиот пазар од 41,4 отсто и пад на увозот од Русија за 3,3 отсто. Првите три месеци од годинава македонските компании на рускиот пазар продале стока во износ од 9,41 милиони долари, додека за истиот период лани оваа бројка изнесуваше 6,67 милиони долари.

Сепак, овие бројки воопшто не можат да се мерат со она што Русија го продава на македонскиот пазар. Од рускиот пазар, за овие три месеци, во Македонија е увезена стока во вредност од 48,61 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот