Русија ја „освежи“ сопствената „црна листа“: Забрана за влез во земјата за припадници на германски специјални служби

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Русија стави високорангирани германски службеници од специјални служби на „црната листа” со лица на кои ќе им биде забранет влез во земјата, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според Министерството, Германија долго време инсистирала на тоа дека има „руска трага” во сајбер нападите против германскиот Парламент во 2015 година, а тоа е направено за да се создаде изговор за воведување на нов пакет еднострани санкции против Русија преку Европската Унија (ЕУ).

Покрај тоа, германските власти ги игнорираа предлозите на Москва да одржат билатерални експертски разговори, додаде руското Министерство за надворешни работи.

– Како одговор на споменатите деструктивни активности на Европската унија, Москва одлучи да го прошири списокот со германски граѓани на кои им е забранет влез во Русија. Според дипломатскиот принцип на реципроцитет, високи претставници на германските безбедносни и разузнавачки агенции кои се дел од системот германското Министерство за одбрана се ставени на списокот со санкции на Русија, соопшти Министерството.

Руското МНР додаде дека Москва го задржува правото на „употреба на реципрочни мерки” во иднина доколку Германија ги продолжи конфронтациите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот