Русија ја одложува испораката на С-400 за Турција

фото: Профимедиа

Испораката на другата серија од рускиот противракетен систем С-400 за Турција може да биде одложена после планираниот рок, кој е 2020 година.

Како што се наведува, испораката се одложува заради преговори за размена на технологија и заедничко производство.

Тоа го изјави шефот на турската Дирекција за одбранбена индустрија, Исмаил Демир, пренесува Ројтерс.

Турција ја доби првата серија од системот С-400 во јули, покрај противењето на САД и заканите за санкции, но Вашингтон продолжува разговори со Анкара за оддалечување на таа земја од рускиот систем за одбрана.

Исмаил Демир исто така рекол дека Русија им понудила на Турција да им ги продаде своите борбени авиони и дека Анкара ја проценува понудата.

Тој рекол дека одлуката ќе биде донесена после „сеопфатни анализи“ на понудата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот