Русија ја негира вмешаноста во убиството во Германија

Убиството на Зелимкан Кангошвили/ Фото EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Руското Министерство за надворешни работи денеска ги отфрли „неоснованите обвинувања“ дека руските државни власти биле вмешани во убиството на поранешен чеченски милитант во берлинскиот парк во 2019 година, јавува Ројтерс.

Германскиот суд во средата пресуди дека Русија наредила убиство на Чеченци и го осудил агентот кој го извршил убиството на доживотен затвор.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека пресудата е политичка и дека Москва ќе одговори со соодветни мерки на одлуката на Берлин од среда да протера двајца руски дипломати.

Германскиот суд осуди Русин за убиство по државна наредба

Видео на денот