Русија напдна украинска воздушна база со нов тип крстосувачки ракети

Русија почна да ги користи своите најнови крстосувачки ракети со долг дострел „Kh-101“ опремени со касетни боеви глави за да ги нападне оддалечените непријателски аеродроми, со цел да ги уништи откриените авиони и возилата за поддршка.

Последниот напад беше насочен кон воздушна база во регионот на Киев.

Новиот тип на ракети, способни да патуваат илјадници километри, претставуваат сериозен предизвик за вооружените сили на Украина и закана за цивилите.

Овие проектили носат подмуниција налик на метални топки или скратени цилиндри, со дијаметар од околу 10 cm, дизајнирани да ги оштетат лесните возила и персоналот на отворени области.

Недискриминирачката природа на оваа касетна муниција го загрозува и военото и цивилното население.

На 12 јуни, Националната полиција на Украина ги предупреди жителите на регионот Киев за опасноста од овие подмуниции расфрлани од пресретната ракета.

Првата забележана употреба на „Kh-101“ со касетна боева глава беше ноќта на 7 јуни, насочена кон воен аеродром во близина на Старокостијантив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот