Русија: Изградбата на „Северен поток 2“ може да биде искомпликувана од санкциите на САД, но не и спречена

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN
Новите ограничувања што ги најавија САД во врска со гасоводот „Северен поток 2″ може да ја искомплицираат неговата изградба, но Русија и нејзините партнери имаат намера да го завршат проектот, објавија денеска од Кремљ.
Тројца официјални претставници претходно изјавија дека Кабинетот на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп подготвува нова рунда на санкции што може да нанесат последен удар на проектот за гасоводот „Северен поток 2″.
– Имавме удар по удар во низа, а нашата единствена цел сега е срцето на проектот, рече еден од претставниците.
Русија овој месец ја продолжи изградбата на гасоводот вреден 9,5 милијарди евра, по пауза од една година, поради санкциите од САД. Проектот е 90 проценти завршен.
Работите неодамна се фокусираа на поставување на цевки на потег од 2,6 километри во плитките води на ексклузивната економска зона на Германија. Поголем дел од преостанатите 100 километри од недовршената траса се наоѓаат во длабоките води покрај Данска.
Вашингтон тврди дека проектот ќе ја загрози европската енергетска безбедност, а Москва посочува дека американските санкции се „нелојална конкуренција” и треба да им помогнат на американските производители на течен природен гас. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот