Русија испрати за Куба два авиона со 88 тони хуманитарна помош

Фото: EPA/ALEJANDRO ERNESTO

По наредба на претседателот Владимир Путин, два авиони „Ан-124 Руслан” на руското Министерство за одбрана полетаа за Куба

Русија денеска соопшти дека испратила два авиони со хуманитарна помош на Куба во обид да и помогне на земјата во борбата против растечкиот број на инфицирани со Ковид-19, во ситуација кога се соочува со ново американско економско ембарго.

По наредба на претседателот Владимир Путин, два авиони „Ан-124 Руслан” на руското Министерство за одбрана полетаа за Куба, се наведува во соопштението на министерството.

„Авионите на Куба ќе и испорачаат  храна, заштитна опрема и повеќе од милион медицински маски или вкупно повеќе од 88 тони помош”, се наведува во соопштението на руското МО.

Островот со 11 милиони жители се соочува со загрижувачко зголемување на бројот на заразени и мртви од последиците на Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата во Куба, според официјалните податоци, до вчера се потврдени 316.383 заразени и 2.203 мртви.

Тешката состојба ја надополнуваат економските тешкотии од долгогодишното историско американско ембарго на Куба.

Вашингтон во четвртокот му воведе финансиски санкции на кубанскиот министер за одбрана.

САД ги оправдуваат санкциите кон министерот за одбрана, Алваро Лопез Миери, и специјалната единица на Министерството за внатрешни работи за „репресијата” врз неодамнешните „мирни и продемократски демонстранти” на Куба, и притопа се заканија со нови санкции.

Со извиците „Ние сме гладни!” и „Долу диктатурата”, на 11 јули демонстрантите излегоа на улиците, а ден потоа делумно и во неколку други градови низ островот. На овие протести едно лице беше убиено, а десетици беа повредени, додека безбедносните сили уапсија стотина лица, наведуваат опозициските организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот