Русија испрати уште 18 авиони со мировници во Ерменија
Уште 18 воени транспортни авиони Ил-76 на руските воздухопловни сили со мировници слетаа на аеродромите во Ереван, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Се приземјија дополнителни 18 авиони Ил-76 и два авиони Ан-124 Руслан од воената транспортната авијација на Руското воено воздухопловство со опрема и персонал на 15-та мировна бригада, испратени во Ерменија за учество во мировната операција во зоната на конфликтот Нагорно-Карабах на аеродромите во Ереван. Руските трупи истоваруваат материјал, оружје и воена опрема”, се вели во соопштението, пренесува БГНЕС.
Военото министерство додаде дека со 58 авиони во Ерменија за еден ден се пренесени оклопни транспортери, теренски камиони, тенкови, багери и друга логистичка опрема.
Трансферот на руски мировници во зоната на конфликтот во Нагорно Карабах е во согласност со договорите постигнати на 9 ноември, содржани во заедничката изјава на рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашињан за целосен прекин на огнот во Карабах.