Русија испитува опрема за светска кибернетичка војна

Русија ги анализира резултатите од испитувањата на опремата која треба да овозможи одвојување на својот интернет од светските сервери и да ја гарантира неговата работа и во случај на кибернетичка војна.

Таа анализа се темели на спорниот закон кој стапи на сила на почетокот на ноември, а некои стравуваат дека би можел да се искористи за спроведување на цензура.

Станува збор за тоа што во посебни подрачја се испитуваат механизми на реагирање на „заканите“ на стабилната и безбедна работа на интернетот во Русија, соопштило руското министерство за комуникација, а пренела агенцијата РИА Новости.

– Обичните корисници на интернет „нема ниту да забележат дека испитувањето трае“, истакнал портпаролот на министерството Евгениј Новиков.

Руската јавна телевизија Русија 24 објавила дека испитувањето веќе трае две недели на различни нивоа.

– Целта е да се осигура стабилна работа на интернетот на руската територија во сите околности, истакнал за телевизијата заменик министерот за комуникации Алексеј Соколов.

Како што наведува Кремљ, законот треба да го заштити „рускиот сегмент“ на интернетот во случај на исклучување од светските сервери во Европа и САД. Целта е да се овозможи работа на државните служби и рускиот банкарски сектор во случај на војна и големи кибернетички напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот