2 C
Скопје

Русија: Интернетот и мобилните телефони во прекин за време на протести за поддршка на Навални

 Услугите на мобилните оператори и интернетот во Русија денеска биле во прекин, јави веб-страницата dovndetector.ru во моментот кога полицијата ги сузбиваше забранетите демонстрации со кои се бара ослободување од затвор на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Некои светски агенции јавија дека над 200 демонстранти биле приведени на рускиот Далечен исток и Сибир, а невладината организација ОВД-Инфо, која ги следи политичките апсења, соопшти дека најмалку 48 лица биле приведени за време на денешните протести во повеќе градови, вклучувајќи ги Владивосток и Хабаровск.

Организаторите на демонстрациите во Владивосток изјавија дека таму на протестот излегле околу 3.000 луѓе, а според проценките, ќе има уште повеќе учесници на попладневниот собир што ќе се одржи во Москва.

Прочитајте и...  Неготинец пријавил дека физички го нападнале поради долг

Пораките на приврзаниците на Навални, кои повикуваат на протести во неколку десетици градови низ Русија, деновиве ги преплавија социјалните мрежи. Полицијата затоа наводно се вмешала во мобилните услуги со цел да им се отежне комуникацијата на демонстрантите и да се спречи споделување видеа на интернет.

Навални, кој е најистакнат политички противник на рускиот претседател Владимир Путин, беше уапсен на 17 јануари кога се врати од Германија во Москва, каде помина пет месеци закрепнувајќи од, како што се сомнева, труење со нервни агенси, за што го обвинува Кремљ.

Властите велат дека со престојот во Германија, тој ја прекршил условната казна според кривичната пресуда, во случај за кој Навални вели дека е незаконски, па на почетокот на февруари, судот ќе одлучи дали ќе издржи казна од 3,5 години.

Поврзани вести

Турција во февруарска офанзива против Даеш и ИСИС приведе 165 осомничени за тероризам

Слободен печат

Израел крои планови како да ги заштити од апсење офицерите од војната во 2014 година

Цунами од потресни снимки од ужасот во Нов Зеланд ги преплави социјалните мрежи

Слободен печат

Повторно ставена во функција модуларната болница во Клиничкиот центар

Слободен печат

Ужасен напад во Црна Гора: Насилници врежаа крст на градите на ЛГБТ лице и му ги повредија гениталиите

Слободен печат

Филипче: Во текот на овој месец ќе почне имунизацијата на населението

Слободен печат

Остави Коментар