Русија им забрани влез во земјата на уште неколку европски лидери и воени компании

Знамиња на САД и Русија Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Русија денеска на неколку други лидери на Европската унија им забрани влез на нејзина територија, соопшти руската дипломатија, додавајќи дека одлуката е одговор на „апсурдната политика на еднострани ограничувања од страна на Брисел”.

Русија, меѓутоа, не откри за колку луѓе станува збор, ниту ги објави нивните имиња.

„Руската страна одлучи да ја прошири реципрочната листа на претставници од земјите-членки на ЕУ и институциите на кои им е забранет влез во Русија”, соопшти руското Министерство за надворешни работи на својата веб-страница.

Во соопштението се наведува дека Русија ја проширила црната листа за да вклучи некои европски приватни воени компании, некои членови на безбедносните служби, парламентарци од ЕУ и други функционери „лично одговорни за промовирање на антируска политика”.

Европската комисија се уште не го коментираше овој потег.

Нотата со руското Министерство за надворешни работи ја информира ЕУ за потегот е испратена до канцеларијата на ЕУ во Москва, во согласност со редовната процедура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот