17 C
Скопје

Русија им ја пренесе на САД својата верзија на соработка во контролата на оружје

Русија им ја пренесе на САД својата верзија на нова безбедносна рамнотежа  во контролата на оружје, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

– Секои преговори можат да резултираат само ако САД се навистина подготвени да ги имаат предвид интересите на Русија и доколку се постигнат заемно рамноправни и прифатливи договори, истакна Лавров.

Според него, продолжувањето на Договорот за натамошно намалување и ограничување на стратешкото офанзивно оружје (Нов СТАРТ) е резултат на заедничките напори на Русија и САД.

– Договорот Нов СТАРТ е основа за стратешка стабилност. Тој ја дефинира рамката и одржува вистинска рамнотежа на интересите на двете земји, објасни Лавров.

Москва и Вашингтон го потпишаа Договорот Нов СТАРТ во 2010 година, а на 3 февруари оваа година разменија ноти за довршување на интерните процедури, кои се неопходни да може да стапи на сила продолжувањето на договорот.

Прочитајте и...  Лукаревска: Најостро демантирам дека Дејан Смилевски имал каква било допирна точка со МојДДВ

Поврзани вести

Вакцината „Спутник В“ наскоро ќе се произведува во Србија, Иран и Италија

Слободен печат

Франција ги прекина сите летови со Бразил

Слободен печат

„Џонсон и Џонсон“ ја одложува испораката на вакцини во Европа, откако се појавија неколку случаи на згрутчување на крвта

Слободен печат

Мицкоски – Браун: Од големо значење е силната поддршка од „Конрад Аденауер” и ЦДУ

Слободен печат

Намалување на бројот на заразени со ковид-19, но смртноста е поголема за 6 проценти во однос на минатата недела

Слободен печат

Денеска се регистрирани 1 129 нови случаи на ковид-19, а починати се 27 лица

Слободен печат

Остави Коментар