Русија и Турција договорија примирје меѓу сириските сили и бунтовниците во Идлиб

Фото: EPA

Русија и Турција се договориле за целосно прекинување на огнот меѓу сириските сили и бунтовниците во сириската покраина Идлиб, информираат руските агенции, повикувајќи се на руската војска.

Руската војска соопштила дека прекинот на огнот бил применет во таканаречената демилитаризирана зона во Идлиб, односно дека дошло до значително намалување на насилството.

Сепак, не е познато колку долго би можел да трае прекинот на огнот меѓу двете страни.

Во воздушни напади во понеделникот на северозапад во Сирија беа убиени најмалку 25 луѓе, од кои поголемиот дел биле цивили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот